fbpx
Вести

Обуки за органски фарми и бизнис планирање за земјоделците од Струмичкo

Здружението Граѓански центар за одржлив развој „ЕГРИ” од Крива Паланка во партнерство со Здружението „НИЕ“ од Ќустендил, Република Бугарија, во Струмица организираше обуки за запознавање на органските производители со процесот на бизнис планирање и формирање мали органски фарми.

Обуките се организирани во серија, по оние во Североисточниот дел на Македонија и Ќустендилска област во Република Бугарија во рамки на проектот „Произведувај органски-пакувај еколошки“ .

– Обуките се информативни и се однесуваат на формирање мали органски фарми и бизнис планирање за органски производители од земјава. Учесниците покрај размена на искуства и знаења за процесите на производство, пакување и продажба на органски производи на веќе постоечките фарми, се запознаа и со процесот на производство органска храна, обука за трансформирање од традиционален во органски еко-начин на пакување производи, информира Антонио Давитковски од ЕГРИ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close