Обуки за руралните жени за зголемување на нивните вештини
Рурална коалиција, ќе бидат насочени кон подобрување на условите за постигнување поголема економска независност на руралните жени.
Поддршка на жените и младите фармери во руралните средини со цел подобрено искористување на финансиската поддршка во земјоделството од нивна страна е приоритет на Рурална коалиција во нивниот стратешки план за периодот 2021-2025 година.
Од организацијата најавуваат дека ќе организираат обуки и едукации за руралните жени со цел зголемување на нивните вештини и знаења за социјално претприемништво и бизнис планирање и ќе продолжат да се борат против дискриминацијата на жените во руралните средини преку едукација за намалување на стереотипите и предрасудите. Како посебно значаен аспект во делувањето го посочуваат учеството во иницијативи со кои ќе се промовира родова рамноправност.
-Постигнувањето на поголема родова рамноправност и справување со постојаните нееднаквости, многу често, значи да се работи различно со жените и мажите, да се препознаат различните пречки со кои тие се соочуваат, но и различните потреби, приоритети и аспирации, велат од организацијата.
Заложба на Рурална коалиција е постојано да го промовира концептот на родово-одговорно буџетирање при дизајнирањето на сите јавни програми и политики, со посебен акцент на тие кои имаат за цел да го унапредат животот на граѓаните во руралните средини и посебно жените, со што ќе се намали нееднаквоста меѓу половите и ќе се поттикне поголема економска активност од жените и ќе се обезбеди нивна оддржлива економска независност. https://nezavisen.mk/obuki-za-ruralnite-zheni-za-zgolemuvanje-na-nivnite-veshtini/