fbpx
ВестиВино

На аукција во Хонг Конг продадено вино од 1846 година

Околу 2.000 шишиња бургундско вино од подрумите на француската винарија „Бушар таткото и синот”, меѓу кои и вино од бербата од 1846 година, продадено е на аукција, органзирана во Хонг Конг. Шишето Мерсо-шарм од 1846 година го купил анонимен клиент за 17.375 долари, по живото наддавање во аукциската куќа Кристи. Станува збор за најстарото шише сочувано во подрумите на угледната винарија „Бушар таткото и синот”, основана во 1731 година, која чува повеќе од 150.000 шишиња од 19-от век. Винаријата се наоѓа на лозјата со кои денеска управува семејството Анрио, a се простираат на 130 хектари во областа Бургундија.

na aukcija vo hong kong prodadeno vino od 1864 godina

 

„Понудата на вака стари бургундски вина е исклучително ретка” истакнува Тим Тритри, директор на одделението за вина во Кристи, наведувајќи дека овој пат се понудени 16 шишиња кои датираат од 19-от век

„Вака добриот резултат на денешната аукција покажува дека Азија и понатаму ги бара ги собира бургундските вина. Второто вино „Монтрос” од 1865 година е продадено за 22.658 евра, а било проценето на 15.577 евра. Хонг Конг, кој ги укина царинските бариери за увоз на вина во 2008 година, стана место за влез на француските вина на кинескиот пазар.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close