fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Каде во регионот е најевтино горивото

Кога станува збор за еуродизелот, литар во Црна Гора чини 1,55 евра, исто како и во Македонија.

Еуросупер 95 во Црна Гора е најевтин меѓу земјите од регионот, додека цената на еуродизелот е меѓу најниските, покажуваат податоците на црногорското Министерството за капитални инвестиции, пренесува Мина.

поред податоците од новиот Билтен на Министерството за цените на нафтените деривати, литар еуросупер 95 во Црна Гора чини 1,45 евра.

Во Албанија може да се купи за 1,78 евра, 1,64 евра во Хрватска, 1,62 евра во Србија, 1,6 евра во Босна и Херцеговина и 1,55 евра во Северна Македонија.

Најскап еуросупер 95 во Европа плаќаат граѓаните на Данска, 2,22 евра, а најевтиниот е во Унгарија, 1,29 евра.

Кога станува збор за еуродизелот, литар во Црна Гора чини 1,55 евра, исто како и во Северна Македонија. Во Албанија може да се купи за 1,9 евра, во Хрватска 1,86 евра, во Србија 1,83 евра и во БиХ 1,69 евра.

Граѓаните на Шведска за најскапиот еуродизел во Европа плаќаат 2,37 евра, а на Малта за најевтиниот 1,21 евра.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close