fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Почнува летото

Денес денот ќе биде најдолг, а ноќта најкратка. На денот кога почнува летото, Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад.

Летото почнува денеска во 16 часот и 57 минути, а во исто време на Јужната хемисфера почнува зимата.

Денес денот ќе биде најдолг, а ноќта најкратка. На денот кога почнува летото, Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад.

Во Скопје, Сонцето ќе изгрее во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути.

На првиот ден од летото, синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 25 до 35 степени.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close