Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Oпштина Битола,известува дека од четврток 29.08.2019 година, отпочнува со наплата на паркинг услугите на четирите затворени паркинг простори на локациите Јавор, Стара автобуска, Центар за култура и Спортска сала. Завршени се сите кадровски подготовки, опремени се просториите со потребната опрема, ставени во функција терминалите и рампите на четирите наведени локации, се вели во соопштението испратено од ова јавно претпријатие.
Што се однесува на зонското паркирање во тек се тестирања на трасите на мобилните оператори за испраќање на СМС протоколите за наплата. Во оној момент кога ќе се потврдат тестовите веднаш ќе биде воспоставен систем на наплата на зонското паркирање.
Воедно би сакале да информираме дека наплата на услугите ќе се врши согласно новиот ценовник во кој е извршено намалување на цената на паркинг сесијата. На трите затворени паркиралишта Јавор, Стара автобуска и Центар за култура цената на услугата изнесува 30 денари за два часа секој нареден час плус 25 денари, додека цената на услугата на паркингот кај спортска сала Боро Чурлевски изнесува 30 денари цел ден. Наплатата на услугите ќе се врши од 7-21 часот од понеделник до сабота.
Со почнувањато со работа на јавното претпријатие отпочнува процесот на решавање на сообраќајниот режим на паркирањето.
Дополнителни информации кои се однесуваат на режимот на паркирање граѓаните можат да добијат на телфонскиот број 047222999 или да ги посетат просториите на јавното претпријатие на ул. Солунска бр. 83-а Битола.