fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Бабовски: Прекината е праксата на злоупотреби со европските пари во аграрот

Како се создаваат и како се враќаат парите на буџетските потрошувачи и апликанти. Аграрот секаде во Европа е субвенциониран, но ние во еден момент се доведовме во ситуација, субвенционирањето на аграрот да го сведеме како социјална мерка, а не како процес на проширување на површините и растеж на одредени гранки кои се врзани за аграрот. Сè уште преовладува ставот дека Македонија и покрај огромниот број на субвенции барем, во последниве три години од над 300 милиони евра, сè уште има дебаланс помеѓу увозот и извозот на храна.

– Кога говориме за државните средства или просто кажано народните пари и делот на парите кои доаѓаат од европските обврзници преку ИПАРД програмата се околу 400.000.000 евра пласирани средства во аграрниот сектор. Во рок од две години и 6-7 месеци да пласирате толкава квота на пари, ретко која банка во Македонија има пласирано толку средства- изјави Бабовски на прашањето колку пари се исплатени додека е тој директор и каде тие пари се потрошени, во  „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

 

Извор:Слободенпечат.мк

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close