fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Килограм тутун годинава чини 370 денари заедно со субвенцијата за прва класа

Најмногу е извршен откуп на прва класа тутун со околу 16.139 тони. Од тутунот годишно државата остварува околу 140 милиони евра девизен прилив и како сектор вработува над 20 илјади семејства.

За министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, 2022 година ќе биде историски запаметена по успехот за тутунарите. Тој истакна дека 2022 година е година во која имаме највисока откупна цена и година кога најголемата количина откупен тутун е од прва класа, како што вели, нешто што се нема случено од независноста на државата до сега.

„Ова говори дека годинава имаме одличен квалитет на тутунот, но и фер однос од страна на откупувачите, кои квалитетот го препознаа и добро го вреднуваа. Просечната откупна цена достигна 287 денари по килограм, што е за 44% повеќе од ланската откупна цена, но и на оваа цена кога ќе се додаде законската субвенција од 80 денари за прва класа тутун, доаѓаме до високи 370 денари по килограм”, рече Николовски.

Тој посочи дека откупот од овогодинешната реколта започна навремено на 15 ноември од страна на 10 откупни претпријатија, а заклучно со 24 декември откупени се вкупно околу 20.214 тони тутун, што претставува околу 84% од вкупно договорената количина тутун.

„Вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 5.817.483.700,91 денари, во висок процент од 94% веќе исплатен. Податоците велат дека заклучно со 24 декември 2022 година од типот Прилеп откупени се околу 19.980 тони, а од типот Јака 234 тони тутун. Според класи на тутун најмногу е извршен откуп на прва класа со околу 16.139 тони, што претставува околу 79,8% од вкупно откупената количина тутун. Додека од втора каласа отупени се околу 3.981 тони, или 19,7% oд вкупно откупениот тутун годинава“, истакна Николовски.

„Оваа успешна година покажа дека можеме поинаку, дека кога има дијалог меѓу тутунопроизводителите и откупувачите може да имаме и добар квалитет и добар откуп. Да имаме година со насмевка кај тутунарите, наместо со протести и неивесност”, порача министерот Николовски.

Откупот на тутун од реколтата 2022 година е при крај. Производителите на тутун, како што велат, задоволни се и од висината на родот и од проценката, годинава поголемиот дел од тутунот се откупува во прва класа, односно по цена од 300 денари за килограм.

Покрај парите за откуп, производителите на тутун продаден во откупен пункт годинава ќе добијат и плус по 80 денари субвенција за килограм тутун од прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета класа.

Според податоците на МЗШВ, склучени се вкупно 29.653 договори за производство и откуп на тутун што претставува зголемување од 7 % во однос на реколта 2021 година. Зголемување има и на површините со тутун за 14% повеќе споредено со лани.

Производството и трговијата на тутун и тутунски производи има големо економско и социјално значење со учество од 3,8% во бруто домашниот производ. Тутунот е застапен со високи 80% од вкупната површината под индустриски култури и претставува еден од најзначајните извезувани земјоделски производи со 18% учество во домашниот извоз.

Според тутунските компании земјава има најквалитетен тутун во регионот. Од тутунот годишно државата остварува околу 140 милиони евра девизен прилив и како сектор вработува над 20 илјади семејства.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close