fbpx
Вести

Има уште само неколку дена за да се аплицира за закуп на државно земјиште до 3 хектари

zemja

Нови 840 хектари државно земјоделско земјиште во регионите на Неготино, Берово, Пробиштип, Кисела Вода, Кичево и Прилеп одат под закуп. Времетраењето за користење на земјиштето ќе биде различно.

Идните корисници во зависност од културата која ќе ја одгледуваат, парцелите ќе ги добијат за користење во период од 15 до 70 години.

Право на учество имаат домашни физички и правни и странски правни лица.Правните лицаи мораат да достават бизнис план, а физичките програма за користење на парцелата.

Почетната цена на закупот за еден хектар се утврдува во зависност од местоположбата и од катастарската класа и се движи од 5 до 25 евра.

Лицата кои имаат веќе договор за закуп немаат право да учествуваат на овој јавен повик.

Изборот ќе се врши со бодување. Најголем број бодови, 65, добива месното население.

Огласот ќе трае 30 дена од објавувањето, почнувајќи од 7-ми февруари.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close