fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Од денеска евтината дневна тарифа

Во периодот од 13 до 15 часот домаќинствата повторно ќе имаат евтина дневна тарифа на струјата

Од денеска во периодот од 13 до 15 часот домаќинствата повторно ќе имаат евтина дневна тарифа на струјата, со што вкупно 11 часа ќе имаат на располагање евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во недела.

Доколку сакате да дознаете дали кај вас е активна евтината тарифа, треба да проверите дали на екранот на струјомерот во 13 часот ќе се појави ознаката Т2 (за ниска тарифа).

Оваа ознака засега, као што соопшти ЕВН ја имаат 170.000 домаќинства кои поседуваат струјомери со далечинско управување. Тие и први ќе полнат да ја користат евтината дневна тарифа. Останатите 650.000 домаќинства ќе треба да почекаат вработените на ЕВН рачно да го сетираат броилото.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) во декември 2021 година ја укина евтината дневна тарифа за домаќинствата поради цената на електричната енергија на берзите која се движеше од 300 до 400 евра за мегават час, а во текот на денот достигнуваше и до 500 и 600 евра па и повеќе.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close