fbpx
ВестиТоп вести

Од договорените 27 милиони килограми тутун, неизвесно дали ќе се испорачаат 20

Тутунарите не ја делат оценката со Стопанската комора на Македонија дека откупната цена на тутунот годинава ќе биде пониска, но се согласни оти неповолните временски услови се одразија врз квантитетот поради што е неизвесно дали ќе се испорачаат договорените 27 милиони килограми, колку што бараат откупувачите.

– Не верувам дека ќе има пониска откупна цена зашто сега се берат долните берби. Лани и тие не беа со добар квалитет. Очекуваме во наредниот период временските прилики да бидат поволни и да добиеме квалитет како лани. Од дрга страна, точно е дека количините се намалени. Фирмите бараат околу 27 милиони килограми тутун, количини за кои склучивме и договори, но по невремето, прашање е дали ќе има максимум 20 милиони килограми, вели за МИА претседателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија Кире Неделковски.

Неделковски информира дека при склучување на договорите производителите повеќе пати имале средби со откупувачите на кои ги искажале барањата за покачување на цената по класи за 20 отсто, како и за намалување на разликата во класите при проценката на квалитетот.

– Моментно разликата меѓу втора и трета класа е многу голема. Бараме цената за прва класа да се зголеми за 10 отсто, а за трета за 30 отсто зашто поголем дел од тутунот оди во втора класа, објаснува Неделковски.

Тој смета дека интересот за тутунопроизводство во Македонија се враќа, посебно по зголемувањето на субвенциите кои за прва класа изнесуваат 80 денари, за втора 70, а за трета, четврта и за подолните класи се 60 денари.

За реколтата 2018 се склучени 34.105 договори, издадени се 23.432 евиденти листови, а се пријавени 14.669 хектари и производство од 28 милиони килограми.

Лани, пак, се склучија 29.354 договори, беа издадени 23.373 евидентни листови, беа засадени 14.415 хектари тутун, се пријавија 26.630 килограми тутун, но се откупија 23.500 килограми по просечна цена од 217,70 денари за килограм.

Стопанската комора на Македонија вчера излезе со оценка дека поради неповолните временски услови кои ги намалија количините и квалитетот на тутунот, се очекува пониска откупна цена и проценка во пониски класи.

 


 

сител

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close