Од ИПАРД 1 Македонија до сега искористила околу 15 отсто
Европските пари што земјоделците ги добиваат преку ИПАРД програмата за следниот седумгодишен период се намалени за 25 милиони евра.
Слабата искористеност на ИПАРД фондовите се должи пред се на неподготвеноста на институциите, велат од делегацијата на Европската унија во Македонија. Од Министерството за земјоделство тврдат дека првата програма на инструментот била процес на учење и за земјоделците.
Од средствата доделени преку ИПАРД 1 програмата Македонија искористила до сега околу 15 отсто. Од министерството се надеваат дека до крајот на следната година процентот ќе се дуплира.
Со ИПАРД 2 на Македонија и стојат на располагање 60 милиони евра, и буџетот е за околу 20 милиони евра помал од првата програма на инструментот за претпристапна помош.
Од земјоделство порачуваат до преработувачкта индустрија да пројави поголем интерес кон европските фондови.