fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Франс прес објави репортажа од Валандово: Малата балканска нација лежи врз темпирана демографска бомба

За Валандово

Новинската агенција Франс прес објави репортажа од југот на Северна Македонија, во која предупредува на масовното иселување на младите од земјава.

Новинарот на француската агенција го посетил градот Валандово каде што разговарал и со тамошните жители:

„Напуштени продавници и празни улици, со малку знаци на живот во градот Валандово, од каде младите луѓе масовно бегаат во странство во надеж дека ќе најдат подобар живот. Како и другите земји во сиромашниот раб на југоисточна Европа, оваа мала балканска нација лежи врз темпирана демографска бомба со население кое старее, опаѓачка стапка на прираст и масовно исселување. Македонија загуби 10 проценти од своето население во изминатите 20 години“, се вели во репортажата на францускаата агенција.

Околу 600.000 Македонци, пишува во репортажата, сега живеат во странство, според проценки на Светската Банка и властите. Очајно слабиот економски раст и недостигот на инвестиции ја притискаат земјата во која сега живеат само 1,8 милиони жители.

„Ако имате над 2,4 милиони жители, но повеќе од четвртина од нив си заминале, треба сериозно да се загрижите за тоа што ви се случува“, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика“, пренесува Франс 24.

Новинарот разговарал и со Перо Костадинов, градоначалник на Валандово, кој вели дека „го загубивме ентузијазмот да останеме дома и да се бориме“. Во градот, 90 проценти од приходите произлегуваат од земјоделието.

Пет од 20-те соученици кои бевме во исто одделение веќе се исселија со нивните семејства, вели Бојан Николов, член на младинска организација од Валандово.

Во репортажата се споменуваат и резултатите од пописот спроведен во 2021, според кои земјава загубила околу 200.000 жители од 2002 година, кога беше спроведен последниот попис. Перспективите на граѓаните биле поврзани со можното членство во ЕУ, но по блокадите од Грција и Бугарија, граѓаните решаваат дека нема веќе што да чекаат, пишува агенцијата.

Француската новинска агенција пренесува дека состојбата е слична и во Албанија и другите земји од регионот. Се проценува дека Албанија загубила 1.7 милиони жители во изминатите 30 години, односно 37 проценти од населението. Во Србија, се смета дека 10,000 доктори ја напуштиле земјата во последните 20 години.

А ако овие земји се надеваат дека членството во ЕУ ќе ја подобри ситуацијата, Хрватска е предупредувачки пример. Откако влезе во ЕУ во 2013 година, хрватското население од четири милиони жители се намали за 10 проценти. Обединетите нации проценуваат дека Хрватска ќе има само 2,5 милиони жители на крајот на векот“, пренесе Франс24.

Франс прес објави репортажа од Валандово: Малата балканска нација лежи врз темпирана демографска бомба

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close