Од молив до растение
Sprout моливите се иновативна идеја што ја развија студенти од Универзитетот MIT. Се работи за моливи кои после пишувањето или цртањето не се фрла, туку се става во земја од каде по неколку недели никнува растение: билка, зеленчук или цвеќе во зависност од изборот на семе.
Sprout моливите се еколошки производи кои ги има во повеќе бои. Направени се од 100% природна глина и графит и кедрово дрво со сертификат PEFC- / FSC. На крајот од моливот има биоразградлива капсула во која е ставено семе. Моливот се става во саксија со земја во закосена положба и не многу длабоко.
Има 14 видови на семиња за кои се нагласува дека не се ГМО. Овој иновативен производ веќе е присутен во 60 земји во светот. Може подеднакво да се употреби за во дом, канцеларија и сл. Од тимот на Sprout велат дека ова е одржлив производ со кој наместо да го фрлате можете да направите пријатна промена во секојдневниот живот. Sprout моливите веќе ги користат големи светски компании.
П.Ј.