fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Од наш агол – Затоа што земјоделците заслужуваат!

Живееме во, за нас, најубавата земја на светот. Но, земја од која младите заминуваат во некои други земји барајќи подобар живот. Нашата почва е плодна, но нашите села се празни. А ние се уште чекаме некој суперхерој кој ќе ни покаже како да бидеме среќни.

А, кои се во реалноста, нашите суперхерои?

Можеби оние на кои многу често забораваме? Оние чии дела не ги гледаме на телевизија, но ги гледаме на нашата трпеза.  Нашите земјоделци и производители на сите сорти, сите големини, бои, вкусови на храна. Оние кои заедно со нас градат подобра иднина во оваа за нас најубава земја на светот и во нашиот дом го носат најдоброто од Македонија.

Тоа се нашите херои!

Затоа се обраќаме до КОМПАНИИТЕ !

До оние компании кои ги препознаваат овие херои, оние кои се нивни пријатели, кои го препознаваат нивниот пат и ја делат оваа наша визија за најубава мала земја!

ЗЕЗ „Зелена берза“ има само еден врвен приоритет, тоа е земјоделецот и неговата благосостојба.

Токму таков е и новиот проект –„ЗЕЛЕНА АГРО КАРТИЧКА“ со која членовите на здружението сега имаат можност да користат попусти и поволности при купување на гориво, до 2 денари по литар, пониска цена на бензинските пумпи на „Црна Река Петрол“ и други бензински пумпи ширум земјава. Со истата картичка се овозможени попусти и при купување на трактори, земјоделска механизација, како и масла и мазива од „Синпекс“-Битола  и ред други репроматеријали и суровини потребни во производниот процес од неколку други фирми соработници на „Зелена берза“.

Овој повик здружението „Зелена берза“ го упатува до компаниите, правните субјекти, кои сакаат да се приклучат на проектот „ЗЕЛЕНА АГРО КАРТИЧКА“, со цел да изградиме стабилен систем на пласирање на вашите производи и услуги со попусти и поволности за нашите земјоделци, членови на здружението.

„Зелена берза“ како иницијатор и менаџер на овој проект, дозволете, без никаков трошок по Вас и Вашата компанија да воспостави соодветен спој помеѓу Вас и нашите земјоделци. Дозволете бесплатно да направиме успешна промоција преку која вашите производи ќе бидат достапни со попусти до нашите членови-земјоделците.

Во овој систем на доверба и соработка, компаниите немаат никакви обврски кон здружението, туку единствено кон нашите земјоделци. Воедно Вие како дел од „ЗЕЛЕНА АГРО КАРТИЧКА“ добивате нови, бројни и верни потрошувачи.

Ова не е обичен маркетинг за вашата фирма, туку испорачување на вистинските вредности кон потрошувачите-земјоделци, воспоставување на силни врски со нив и нивно одржување.

Направете исчекор, донесете одлука со која потрошувачите-земјоделци ќе ја прифатат вашата понуда, за која се подготвени да платат. Придобивките од оваа соработка ќе бидат само ваши, а она што заедно ќе го споделиме ќе биде довербата и поддршката меѓу сите компании кои ќе партиципираат во концептот „ЗЕЛЕНА АГРО КАРТИЧКА“.

Почитувани, бидете и Вие дел од животните приказни на земјоделците, на овие обични луѓе кои успешно се справуваат со предизвиците на денот!

 

Христина Фуна

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close