fbpx
ВестиВиноТоп вести

Од невремето во Кавадаречко настрадаа лозовите насади

Невремето што вчера го зафати кавадаречкиот регион предизвика големи штети на лозовите насади. Во редакцијата на Зелена берза стигнаа фотографии од  направените  штети на лозјата во месноста Шамаци, Кавадаречко. Жителите од овој реон велат дека невремето проследено со дожд и град  почнало околу 16 часот и траело околу петнаесеттина  минути. Овој реон е претежно со лозови насади, а последиците допрва ќе се чувствуваат.

Стручните лица упатуваат апел до лозарите и производителите на други култури да спроведат заштита на растенијата со соодветни препарати.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close