fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Од поплавите во Италија најмногу настрадаа земјоделците

Здружението на земјоделци Колдирети соопшти дека се поплавени најмалку 5.000 фарми, каде меѓу другото се одгледува и овошје, пченка и други житарки.

Поплавите во италијанската област Емилија Ромања предизвикаа штета од најмалку една милијарда евра, соопшти вчера претседателот на овој регион Стефано Боначини.

Британските медиуми пренесуват дека во поплавите, што досега ги однесоа животите на 13 лица, особено се погодени земјоделците.

-Веќе проценивме дека штетата од првиот бран поплави е речиси една милијарда евра, можете да замислите колку ќе се зголеми оваа сума со оглед на новата катастрофа, изјави  Боначини, додавајќи дека се уште е рано за прецизни бројки.

Италијанската влада вети дека ќе одвои уште 20 милиони евра за санација на штетите од поплавите, покрај 10-те милиони што претходно ги даде на регионот по првиот бран поплави, кои пред две недели однесоа најмалку два живота.

Производителот на луксузни автомобили „Ферари“, чие седиште е во регионот Емилија Ромања, најави дека ќе уплати еден милион евра за поправка на оваа област.

Здружението на земјоделци Колдирети соопшти дека се поплавени најмалку 5.000 фарми, каде меѓу другото се одгледува и овошје, пченка и други житарки.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close