
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Од први јуни цената на млекото ќе биде пониска за 1 денар по литар, се известуваат сточарите од откупувачи
Сточарите на голема мака, паѓа цената на откупот на млекото, се' друго поскапува
Од први јуни цената на млекото ќе биде пониска за 1 денар по литар, се известуваат сточарите од откупувачи.
„Ве известуваме дека цената на млекото е намалена за 1 денар по литар.
Овој пад на цената е уште еден удар за вредните сточари кои секојдневно вложуваат труд и средства за производство на квалитетно млеко.
Ги повикуваме сите надлежни институции и откупувачи на млеко да покажат разбирање и поддршка за домашното производство. Без вистинска цена – нема опстанок за македонскиот сточар!, сподели со Зелена берза нашиот читател Беким Беџети.