fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Помор на пчели поради непрописно користење на пестициди

Семејството Јелиќ од Миоковци во близина на Чачак, остана без половина од своите пчеларници поради труење на пчелите, така што биле уништени околу 20 друштва.

Пчеларите од овој дел се соочуваат со помор на пчелите,кои се како што велат, отруени поради човечката невнимателност и несовесното прскање на овошјето со пестициди, пренесува Прва ТВ.

Од друга страна, експертите, потсетуваат дека со закон е забрането прскање на овошјето во време на цутењето, со препарати кои се отровни за пчелите. Сепак, ни тоа не е доволно за да се спречи труењето на пчелите.

Минатата година имало еден тон мед, а оваа 100 килограми

Добросав Јелиќ, вели дека штетата на пчеларникот ја забележал пред неколку дена, кога ги прегледал кошниците и наведува дека, веднаш се посомневал дека тоа е поради прскањето. Како што вели, ќе му биде потребно многу време за да се опорават пчелите, а тогаш ќе загуби и на овошје, како и на количина на мед. „По кошница имав 60 000 пчели, а после овој помор, околу 25.000“, изјавил Јелиќ за Прва ТВ.

Минатата година од 20 кошници, собрал околу еден тон мед, а оваа година не очекува повеќе од 100 килограми.

Прскањето на овошјето се врши ноќе

Претседателот на Здружението на пчелари од Чачак, Свето Стаменковиќ, вели дека со закон е забрането користење на препарати кои се отровни за пчелите во време на цветање на овошките. Според неговите зборови, треба да се почека овошките да расцутат и во овоштарникот да нема процветан плевел, а потоа да се изврши третирањето.

Тој советува, дека прскањето на овошките се врши исклучиво ноќе. Тогаш нема испарувања, нема губитоци, а она што е најважно, пчелите се заштитени.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close