fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

НАЈНОВО ОД СРЕДБАТА-Тутунарите задоволни излегоа од средбата со Заев, ИО влегува во Второстепената комисија

Премиерот им ветил дека ќе се откупи целата реколта без разлика дали има договори или не

По неколкучасовната средба со премиерот Заев, претставници на ИО  излегоа задоволни од средбата. Членови на ИО влегуваат во Вторстепената комисија и нивното мислење ќе биде решавачко за одлуката, а за тоа претствниците на ИО нема да бараат финансиски надоместок. Премиерот им ветил дека ќе се откупи целата реколта без разлика дали има договори или не. Одбитоците да не бидат повеќе од 5 проценти. Договорено е уште од сега да почне да се работи на измени на Законот за тутун, и да се направи закон за следната реколата што ќе биде во корист на тутунарите. За барањето да се прифати 200 денари загарантирана цена за килограм тутун премиерот им рекол дека не може да се обврзе за такво нешто, но дека очекува со сите овие мерки ако се почитуваат од 180 до 190 денари да биде просечната  цена годинава.

 

.

Слични написи

Back to top button
Close