fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Кога ќе дојде големиот бран намалувања на цените?

„Поосетно намалување засега немаме“, оцени на ТВ24 директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска.

Околу 200 компании од прехранбената индустрија од први декември користат екстра-ефтина електрична енергија која е и до пет пати поевтина од берзанската, а субвенцијата ја дава Владата со цел да се намали цената на основните прехранбени продукти.

Деновиве е забележано намалување на цените на голем број производи од познати брендови како на пример, лебот, маслото, млекото… но со падот на цената на струјата и нафтата намалувањето би требало да биде позначително и да се почуствува во втората половина од месецов.

И актуелните намалени цени допрва треба да паѓаат со оглед дека двата инпути за производство, како струја и гориво драстично поевтинија за разлика од пред 3 месеци.

Струјата им поевтини неколкукратно, со оглед дека имаше периоди кога компаниите плаќаа и над 600 евра за мегават час, сега плаќаат максимални 80 евра.

Дополнителна позитивна ситуација е значителното намалување на нафтата, која чинеше и над 110 денари за литар, а сега се движи околу 80 денари за литар, што е за 25% помалку.

Практично компаниите веќе деветти ден произведуваат користејќи струја со повластена цена од 80 евра за мегава, а сепак, инспекциите покажуваат дека во првата недела од мерката, таа не носи резултати.

„Поосетно намалување засега немаме“, оцени на ТВ24 директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска.

Производителите се правдаат дека овие производи се направени од суровини што  се набавени пред 1 декември и пред мерката за повластена струја, па затоа цените се уште не се намалени. Во истата дебатна емисија, Сашо Дукоски, потпретседател на ССК вели дека токму поради ова, за некои производи ќе треба да поминат и до 90 дена за да се намалат, иако за зголемувањата не им требаше толку време, па ги менуваа цените и на дневна основа.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close