fbpx
Вести

Од тутунот во Македонија живеат 40 илјади семејства

tutun

Македонија и во регионални и во светски рамки, на светските берзи и пазари важи за производител на висококвалитетен тутун. Тутунопроизводството учествува со 5 отсто во вкупниот извоз и речиси со 30 отсто од извозот во земјоделскиот сектор.

Побарувачката на македонскиот ориентален туту (го има и во соседните Бугарија, Грција и Турција, но не со овој квалитет како македонскиот) и натаму е голема. Производството на тутун како земјоделска гранка добива стратешка важност за државната економија и е значителна ставка во полнењето на државниот буџет.

Производството и трговијата на тутун и тутунски производи во БДП учествува со околу 3,2 отсто, а тутунската индустрија во вкупната индустрија на земјава учествува со 4 отсто и преку 4 отсто од вкупно вработените во Македонија се во овој сектор.

Сепак, вредноста на тутунопроизводство во Македонија е многу поголема од претпоставената. Производството на тутунот има и огромно социјално и економско значење поддржано со бројката од 40 илјади семејства за кои е главен извор на егзистенција.

Поволноста на климатските и почвените услови, како и културолошката основа придонела кон тоа тутунопроизводството да стане македонска традиција и начин на живот. Години наназад за приближно 150 илјади граѓани, тутунот е секојдневна преокупација од утро до вечер и основна егзистенција.

И покрај тоа што тутунската егзистенција во голема мера зависи и од временските услови во тековната година, сепак благодарение на добрата стратегија и поволната субвенциска политика, барем во последнава година забележан е пораст на површините засадени со тутун. Ако во 2016 година со тутун биле засадени некаде околу 15.300 хектари, во ланската реколта на територијата на цела држава биле засадени 14.150 хектари. За производството на овие површини тутунопроизводителите со откупните организации направиле 28.000 договори.

Сите тутунопроизводители се согласни дека тутунопроизвоството значи и перспектива за државата и можност за економски раст.

Годинешниот откуп заврши со откупени повеќе од 23.000 тони тутун по просечна откупна цена од 217 денари за килограм. Вредноста на откупеното е повеќе од 60 милиони евра, а субвенцијата за родот 2017-та е 60 денари за килограм за сите класи.


 

mkd.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close