fbpx
ВестиСовети

Како да се врши преглед на пчелните семејства

pceli

Пчелните семејства треба да ги прегледуваме само тогаш кога за тоа има потреба.Честото отворање на пчелните друштва не е добро ,а во време кога нема и паша може да се предизвика и грабеж. Секое отворање на кошницата треба да има цел. Прегледот на кошницата може да биде делимичен- брз и детален. Брз преглед се врши при неповолни услови  или во период кога нема паша. Додека детален преглед се врши при замена на матица ,при преглед во пролет кога се проширува гнездото, при утврдување квалитетот на леглото, кога се утврдува количеството на мед ,како и при преглед на здраствената состојба на друштвото.При прегледот треба да се има димилица , пчеларски нож за отварање на кошницата и раздојување на рамките. На главата треба да се има капа со мрежа а ракавите и ногавиците треба да се врзат така да пчелите не би можеле да се вовлечат во нив. Кога е се спремно од задната страна на кошницата се вади поклопецот и преку отворот на поклопната даска се убацуваат неколку дима во кошницата. При прегледот рамката ја држиме над кошницата затоа што ако матицата се наоѓа на неа може да падне на земја и да се изгуби.Матицата исто така може да се изгуби и ако се најде на поклопната даска па затоа поклопната даска треба да се накрепи покрај летот. Пчелите не треба многу да ги димиме при прегледот затоа што се вознемируваат и почесто напаѓаат. Пчелните друштва се прегледуваат кога пчелите добро излегуваат и кога температурата под сенка е помеѓу 14-16 степени а ако е поголема тоа е и подобро.Не е препорачливо прегледот да се врши пред дожд, ако времето е ветровито , облачно и ладно. Кога времето е многу топло и нема паша ,пчелите треба да се прегледуваат само рано на утро и касно попладне.

Пчелите не сакаат црна и темно плава боја на облека а посебно не од онаа која е направена од волна. Исто така пчелите реагираат и на некои мириси како што се разни парфеми,пот, алкохол, лук и др. При прегледот треба да се внимава да на се вршат разни удари на самата кошница затоа што тоа ги вознемирува пчелите.

Ако при прегледот се види да друштвото нема храна треба да се изврши прихрана или пак да да се додаде мед на рамка.Во слуќај да друштвото нема матица треба да се додаде матица ако имаме , а ако немаме тогаш тоа друштво треба да го споиме со друго појако друшрво.Во сличај пролетта да касни потребно е да се исчистат подњачите од изумрените пчели .Ако за време на зимата се направени штети од глувци на сачето таквите рамки треба да се отстранат и да се заменат со нови.Кошниците кај кои пчелите угинале треба да се отсранат од пчеларникот а потоа треба да се утврди причината за угинување на пчелите.Таквите кошници треба да се дезинфицираат со помош на лет ламба.На пролет се отстрануваат рамкита со старо саќе кое ќе се стопи.Исто така треба да се изврши едно до две третирања против вароза, нарочито ако тоа не се направило на есен.Кај послабите друштва треба да се намали летот како не би се предизвикал грабеж.Кој може да се појави при прихранување со шеќерен сируп или со оставање на рамка со малку мед покрај самиот сандак. Секоја капка сируп може да предизвика хаос во пчеларникот и да настанат големи загуби.

Петар Трајковски, Советник во АПРЗ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close