Oд утре леб и за 32 денара
Дел од пекарниците најавуваат дека од утре, 1 декември, граѓаните ќе може да купуваат леб и за 32 денара. Во наредниот период, како што велат за МИА, ќе има корекција и на цените на другите пекарски производи, веројатно за околу 10 проценти.
Дел од пекарниците најавуваат дека од утре, 1 декември, граѓаните ќе може да купуваат леб и за 32 денара. Во наредниот период, како што велат за МИА, ќе има корекција и на цените на другите пекарски производи, веројатно за околу 10 проценти. Ова се ставовите на претставници од прехранбената индустрија кои од утре, преку „ЕСМ продажба“, треба да добиваат струја по субвенционирана, фиксна цена од 80 евра за мегават час.
Мелничарите и натаму се на ставот дека со активирање на стоковните резерви би се постигнал поширок бенефит.
-Можеме да соопштиме дека од утре, 1 декември, граѓаните ќе може да имаат леб по подостапна цена од 32 денара, а во наредниот период, по пресметките, ќе се направи корекција и на цените на другите пекарски производи која би била за околу 10 проценти во овој сектор. За да можеме уште повеќе да излеземе во пресрет на потребите на граѓаните, а воедно да не ја загрозиме ликвидноста на компаниите, сметаме дека активирање на стоковите резерви е мерка со која би се постигнал поширок бенефит. Според информациите кои ги имаме за залихите со кои располагаме како држава, треба да е доволно и за овој период, а не би требало да има поголеми проблеми и наредната година, бидејќи Србија од каде се прави најголемиот узвоз има доволни количини. За трендот на движење на цените на пченицата не може однапред да се дадат подолгорочни прогнози, бидејќи се работи за берзански производ и зависи од пошироките глобални движења и случувања, изјави за МИА потпретседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) и претседател на Агро-бизнис комората, Горан Ѓорѓиевски.