fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Од високите температури загрозени сите земјоделски култури, наводнувањето спас за производството

УХМР-земјоделците да ги искористат сите можни капацитети за наводнување, за да спасат барем дел од производството.

Екстремно високите и надпросечни температури што ја зафатија земјава се загрозувачки за сите земјоделски култури. Целосно ја дехидрираа почвата, а недостатокот на вода за наводнување дополнително ја влоши состојбата. Драстично е опаднато и нивото на подземните води.

Според агрометеоролозите, малата промена на времето која се очекува на крајот од оваа недела со пад на температурите за околу два до четири степени, е незначителна за ваква екстремно загреана атмосфера.

Тие им препорачуваат на земјоделците да ги искористат сите можни капацитети за наводнување, за да спасат барем дел од производството.

-Загрозени се сите култури, и пролетните окопни и индустриски, градинарските, но и овошките и виновата лоза како повеќегодишни култури, особено оние каде нема никакви услови за било какво наводнување. Ваквите временски услови со екстремно високи, надпросечни температури кои се одржуваат многу долг период, претставуваат апсолутно најнеповолна агрометеоролошка состојба во период кога голем дел од земјоделските култури се наоѓаат во интензивна вегетација, нагласуваат агрометеоролозите од УХМР.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close