Од вкупно 38 задруги функционираат само половина, Министерството за земјоделство ќе работи на решавање на проблемот

(Oвој напис е објавен на: November 21, 2018)

 

Во Македонија има само 38 земјоделски задруги. Дел од нив постојат само на хартија, немаат капитал и се нефункционални. Кај постојните кооперации не се почитуваат основните принципи на здружување.

Од Министерството за земјоделство уверуваат дека се работи на подобрување на оваа слика. Министерот Николовски вели дека во тек е проект за поддршка на задругите. Вреден два милиони евра и парите се обезбедени од ЕУ.

За споредба, во моментов во Хрватска има околу 20.000 задруги. Сепак, ниту Хрватите не се задоволни од земјоделското здружување.

Нужно е да се разбере дека задругарството е бизнис, а задругите го развиваат стопанството во кое делуваме. Тогаш кооперациите стануваат демографија, односно го чуваат животот и просторот.

Во светот во задруги вклучени се една милијарда луѓе. Секој седми жител на ЕУ е член на некоја кооперација, објавува Сител

///

Сител