
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Сојузот на одгледувачи на овци предлага – да ги чува и да се грижи за кравите од Крива Паланка
Како Сојуз "Модерен сточар" , сметаме дека проблемот со кравите во Крива Паланка треба да се решава со конкретни и долгорочни мерки. Предлагаме овие крави да бидат ставени во рамки на државните резерви
Сојузот на одгледувачи на овци “Модерен сточар” чии претседател е Насер Џемаили со соопштение до јавноста. -Како Сојуз “Модерен сточар” , сметаме дека проблемот со кравите во Крива Паланка треба да се решава со конкретни и долгорочни мерки.
Предлагаме овие крави да бидат ставени во рамки на државните резерви, а Сојузот да преземе одговорност за нивното чување, грижа и соодветно управување, во координација со надлежните институции.
Подготвени сме како Сојуз да се вклучиме активно и да помогнеме во изнаоѓање одржливо решение, со цел да се заштитат животните и да се реши проблемот во интерес на сите засегнати страни.
Нашата цел е проблемот да се реши со конкретна одговорност, а не само со ветувања.



