Од зелените пазари се враќаме со кеси полни отрови – список на 12 најотровни намирници
Кога купувате овошје и зеленчук, обрнете поголемо внимание затоа што истите може да содржат огромна количина отрови кои подоцна ќе се најдат во вашиот организам.
Пестицидите најлесно се задржуваат на кората и заради тоа мора темелно да ја миете, но дури и на тој начин е невозможно целосно да ги отстраните.
Ова е „црната листа“ на 12 најотровни намирници кои мора темелно да ги миете.
1. Јаболка – 99% од нив се позитивни на пестициди. Плус, содржат и 56 различни хемикалии.
2. Праски – Дури 85,6% од праските содржат повеќе пестициди измешани со 57 видови хемикалии.
3. Нектарини – 90,8% од слатките, голи праски имаат два или повеќе видови пестициди.
4. Јагоди – 13 различни пестициди.
5. Грозје – На едно гранче може да се пронајдат дури 15 различни пестициди.
6. Целер – 13 различни хемикалии.
7. Спанаќ – Содржи комбинација од повеќе пестициди кои тешко се мијат од листовите.
8. Слатка пиперка – Речиси 70% од тестираните пиперки имаат излепено пестициди и по миењето.
9. Краставици – 68% од нив се третирани со микс од пестициди.
10. Шери домати – Еден плод е загаден со 13 различни хемикалии.
11. Грашок – Исто како шери доматите, и на еден плод грашок има 13 хемикалии.
12. Компир – Еден компир со просечна големина има повеќе пестициди од било која друга храна.
Најчисто на листата е авокадото. Само 1% од авокадата се покажале како отровни.
Слична е ситуацијата и со другите егзотични овошја како ананас, киви, папаја, манго и диња.
Исто така, безбедни за јадење се зелката, боранијата, кромидот и лукот и доматот.