fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Поддршка  од 2.500 денари по хектар за направен трошок за набавени вештачки ѓубриња и тоа во количина најмалку од 200 кг по хектар

120 милиони денари ќе бидат наменети за субвенционирање на трошоците за ѓубрива

Преку планираната Програма за интервентен фонд се обезбедува финансиска поддршка за производителите на житни култури односно за надополнување на разликата на цените за ѓубриво и на останатите репроматеријали а се со цел да се анулираат зголемените трошоци за ѓубрива, за земјоделците да имаат  рентабилно производство во овие услови на зголемени цени на репроматеријалите.

За оваа намена преку интервентниот фонд кој за прв пат се воведува оваа година, се планирани околу 120 милиони денари ќе бидат наменети за субвенционирање на трошоците за ѓубрива. Конкретно, според анализите поради регистрираниот пораст на цените на вештачките ѓубрива планирана е поддршка  од 2.500 денари по хектар за направен трошок за набавени  вештачки ѓубриња и тоа во количина најмалку од 200 килограми по хектар.

Корисници на оваа подмерка се носители или членови на земјоделски стопанства кои во производната 2021/2022 година имаат засеани површини со пченица и јачмен. Услов за користење на оваа финансиска поддршка е  при поднесување на барањата за субвенцијата физичките лица да приложат фискална сметка со пропратен документ за идентификација за припадноста на фискалната сметка (сметкопотврда или испратница) каде е назначен видот на вештачкото ѓубре и количината изразена во килограми, а правните лица ќе треба да приложат фактура со испратница каде е назначен видот на вештачкото ѓубре и количината изразена во килограми вклучително и доказ за извршено плаќање по фактура односно уплатница или извод од банка.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close