вестиМакедонијаТоп вести

                Зелени афоризми  

 

 

Онаму кај што земјоделците садат, а накупците жнеат, неважи изреката  „Што ќе посадиш, тоа ќе жнееш“.

**

Да не беа овците, волчјите закони ќе беа само мртви букви на хартија.

**

Едни овоштари се жалат, други плачат, а трети кукаат… Таква слобода на говорот на овоштарите нема никаде во светот.

**

Има и „сточари“, што имаат преку леб погача – оние што прават стока од народот.

**

Европа може многу да им помогне на нашите лозари. На пример, на оние што бараат работа по лозјата во Швајцарија, Италија…

**

Не е точно дека сите земјоделци се жалат на откупните цени. Некои кукаат.

**

Има и земјоделци кои немаат никаков проблем со откупот на земјоделските култури. Оние што престанаа да ги обработуваат нивите.

**

И од неродните години овоштарите имаат корист. Например: немаат главоболка со откупните цени на овошјето.

**

За разлика од дедо му и татко му тој „успеа“ да го интернационализира  сточарството. Работи како надничар на сточарска фарма во Швајцарија.

**

Има земјоделци кои почнаа добро да живеат. Ама тие веќе не се занимаваат со земјоделие.

Миле Ѓорѓијоски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close