fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Одгледувачите на свињи бараат повисока производна цена на месото

Одгледувачите на свињи и производителите на свинско месо бараат зголемување на цената на свинското месо.

Во моментов производната цена е 100 денари за килограм жива мера. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци и одгледувач на свињи, Гоце Сарафимов вели дека одгледувачите бараат производната цена на свинско месо да изнесува 150 денари.

-Ние како производители на свинско месо бараме да се покаче цената, но се уште нема ништо. По месарите и супер маркетите не знаеме што ќе се случува. Инаку трошоците се многу покачени во однос на лани, еве да речеме храната за свињите е покачена 100 посто, а исто така и стујата е покачена, а цената на свинското е уште иста. Лани беше 100 денари и сега е 100 денари. Реално производната цена треба да биде најмалку 150 денари, вели Сарафимов.

Посочи дека од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имале субвенции од 1.500 денари за продаден товеник, за месеците февруар, март и април, но зголемените трошоци веќе се чувствуваат со намалување на бројот на свињи. Сарафимов истакна дека трендот на намалување е почнат во велешкиот регион, каде што во три фарми е намален бројот на мајки.

Економистите сметаат дека увозната инфлација во државата граѓаните допрва ќе ја почувствуваат. Според штипскиот економист и аналитичар, Глигор Ивановски, покачувањето на цените на основните продукти за живот, влијаат врз џебот на граѓаните, но ова е состојба која не може да се избегне бидејќи е настаната заради случувањата надвор од државата. Основните производи за живот мора да се купат и покрај тоа што нивната цена е покачена, а идентична е ситуацијата и со нафтените деривати и струјата. Според Ивановски, сѐ што не е присутно во државата ќе го има, но по многу повисоки цени, инфлацијата е пожелна во одредени случаи, кога е во контролирани рамки од 1 до 2 отсто на годишно ниво. Но, сегашната состојба, истакнува, зборува за инфлација која е поголема и чии негативни влијанија обичниот граѓанин дополнително ќе ги чувствува.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close