Одгледувачите на овци на протест пред министерството за земјоделство
Овчарите денеска протестираа пред министерството за земјоделство. Гласот го кренаа поради како што велат тешката финансиска состојба и борбата за опстанок. Одгледувачите на овци изјавија дека не бараат профит, туку егзистенција. Доколку државата не им помогне проценуваат дека за три години земјава ќе остане без овци.
Тие бараат 1.500 денари субвенции за грло овца и 1.000 за оставено женско јагне, како и поддршка од државата ако откупната цена на јагнето е пониска од производната. Ресорниот министер ги прими на средба и им вети дека ќе ги разгледа нивните барања, а одговор ќе добијат на крајот на идниот месец.
„Јагнето сега за нова година се откупи за 140 денари, а наша производна цена е 170 денари. Таа производствена цена стои во министерството, а јагнето ни го откупуваат по цена од 120 до 140 денари, па дури и 110 денари“, рече Митко Јанков – одгледувач на овци.