Одгледување лимон во саксија
Лимонот е дрво од фамилијата цитруси. Ширум светот се одгледува во многу варијанти, разликите се само во надворешниот изглед, додека хранливите својства се непроменливи.
Лимонот може да биде жолт и зелен кој се добива со калемење, но тоа е само комерцијална поделба. Зелениот лимон се добива по вештачки пат.
Има тенка кора и сочно месо, издржлив е за транспорт и складирање. Вообичаениот жолт лимон созрева во зима.
Лимонот е мало дрво со висина од околу 3 до 6 метри и со виолтови цветови.
Понекогаш ова дрво се одгледува и како украсно, но најчесто за добивање плодови. Во поволни климатски услови лимонот дава род два пати годишно. Пролетно цветање кога се добиваат најквалитетни плодови трае најмалку два месеци. Исто толку долго зрелите плодови можат да чекаат за берење, што значи може да има непрекината берба цела зима од ноември до април или мај. Второто цветање кое во комерцијалните насади се прави присилно, трае од август до септември, а плодовите се берат во февруари, веднаш по зимската берба. Едно дрво во поволни климатски услови со сите применети агротехнички мерки може да даде род од 600 до 800 плодови годишно. Лимонот исто така е совршен за одгледување во саксија. Единствениот недостаток им е што ако ги засадите од семка ќе им требаат години да пораснат. Можете да си земете веќе израснато дрвце од расадник.
Валентина Соколовска
за Зелена берза