вестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците може да извадат дозвола за движење до 12.00 часот

Во врска со Одлуката на Владата за проширувањето на забраната за движење за време на викенд деновите во сабота и недела од 16:00 часот до 05:00 часот, ги известуваме земјоделците дека се утврди појаснување за ова ограничување кое се однесува на земјоделците, заради интензивирање на сезоната на земјоделски работи, особено во градинарските култури. Конкретно, во делот на забраната за движење се исклучуваат земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници.

Дополнително, другите земјоделци од останатите подсектори како што се сточарите и други, доколку имаат неодложни активности поврзани со земјоделско производство, преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе треба да се пријават за добивање на дозволи за движење, а МЗШВ дозволите ќе ги издаде преку Министерството за информатичко општество и администрација.

Земјоделците од Општина Могила може да извадат дозвола за движење од подрачната канцеларија на МЗШВ – Битола до 12.00 часот, информираат од Општина Могила.

Слични написи

Back to top button
Close