fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Одгледување на салатка во пластеник – како да ја посадите и заштитите

 

Одгледување на салатка во пластеник – како да ја посадите и заштитите

Со користење на лутрасил (агротекстил) се зголемува приносот и се намалува времето за производство за десетина дена, што зависи и од надворешната температура.

Сеидбата на салатката за зимско производство во пластеник, започнува во септември. Кога ќе ја посеете, зависи од тоа кога сакате да ја берите. Сеидбата за одгледување во пластеник се врши во саќе од стиропор, а за пресадување е подготвена 20 дена после сеидбата.

Се сади на веќе подготвена малч фолија, во дворедни, четвороредни или шесторедни траки. Растојанието помеѓу расадот, зависи од сортата, односно од големината на главиците. Растојанието може да биде од 20 до 25 см, а а меѓуредното од 25 до 30 см.

Со користење на лутрасил (агротекстил) се зголемува приносот и се намалува времето за производство за десетина дена, што зависи и од надворешната температура. За негова примена не е потребна дополнителна конструкција во пластеникот.

Кога станува збор за можни инфекции, тие најчесто се јавуваат на температура околу 10°C и поволна релативна влажност на воздухот. При производство во зимскиот период за намалување на стресните услови (колебање на температурите, недостаток на светлина, слаба фотосинтеза итн), препорачливо би било третирање со препарати на база на аминокиселини.

Првата, превентивна заштита би требало да се изврши во фазата на производство на расадот. Се користат фунгициди на база на пропамокарб хидрохлорид и пропамокарб фосетилат, додека следната се врши според планот. Втората заштита се врши после расадувањето. Против пламеница и пепелница се користат фунгициди на база на фосетил – алуминиум, а против сив трулеж фунгициди на база на приметанил.

Третата, се врши 10 до 15 дена, после втората заштита. Против пламеницата, сивиот и белиот трулеж, се користат фунгициди на база на металаксил, манкозеб и ципродинил. Против лисните вошки се користат инсектициди на база на делтаметрин, наведува Живко Шашиќ.

За да се намали можноста од појава на болести, потребно е пластеникот да се исчисти и дезинфицира.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close