fbpx
ВестиТоп вести

Одливот на мозоци ја чини Македонија илјадници евра

 

Младите масовно се отселуваат од Македонија, а државата губи по околу 16.000 евра годишно за секој отселен млад човек, покажуваат анализите од меѓународните организации. 

Македонија е една од земјите со најголемо отселување во Европа, според извештајот на Светската Банка,  500.000 луѓе ја напуштиле земјата во последните 15 години. Од „Мрежата за спречување на одлив на мозоци“ алармираат дека финансиите не се единствената причина за заминувањето на младите и висококвалификувани кадри.

Државата досега нема спроведено ниту една анализа за да ги истражи проблемите и преземе соодветни мерки, реагираат од младинските организации. Според последната официјална статистика на Државниот завод 141 лице се отселиле во 2017 година, но податоците на меѓународните организации меѓу кои и Светска банка, покажуваат далеку поголеми бројки. Итно е потребен попис за да се добие пореална бројка на иселени млади, велат од Мрежата.

Нејасно е зошто постои огромна разлика меѓу статистичките податоци од Државниот завод и тие на Светска Банка.Како една од причините од Мрежата за спречување на одлив на мозоци го гледаат неводењето сметка од државата, но и непријавувањето на младите на нови живеалишта во странство, што е законска обврска.

извор: канал5

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close