Одложен огласот за ИПАРД2
Одложено објавувањето на огласот за аплицирање и користење на парите од европската ИПАРД 2 програма. Причината е настанатата техничка грешка во текстот на финансиската спогодба која треба да ја потпишат Европската комисија и Република Македонија. Со оглед на карактерот на проблемот и двете страни очекуваат да се корегира во најскоро врема.
Објавувањето на огласот за користење на средствата од ИПАРД 2 програмата е одложено за неколку дена поради техничка грешка во текстот на финансискат спогодба на Европската комисија за земјоделство.
Од ресорното министерство очекуваат и Владата деновиве да го ратификува корегираниот текст по што ќе следи објавувањето на огласот.
Со оваа програма за финансиска поддршка на македонските земјоделци им стојат на располагање, во рок од седум години, 60 милиони евра од европскиот предпристапен фонд.
Во новата Програма има и одредени измени, односно во делот за растителното производство каде што прв пат се внесени и житните култури и се очекува интересот и искористеноста на парите да бидат поголеми.