fbpx
Вести

Оглас за закуп на државно земјиште во Струмица

Во село Бањица, Струмичко, се нудат под закуп 36 хектари државно земјоделско земјиште.

oglas za zakup na drzhavno zemjishte vo strumica

 

Понудените површини се наменски за подигање на долгогодишни насади на лозја, овоштарници или хмељ и за изградба на оранжерии.

Времетраењето на закупот е до 30 години.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни и странски правни лица кои мораат да достават и банкарска гаранција за учество на јавното наддавање во висина на деветмесечна закупнина.

Изборот на најповелен понудувач е електронски.

Почетната цена за долгогодишните насади е 2.740, а за оранжеријата 1.260 евра.

Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close