fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Огледувачите на овци незадоволни од намалувањето на субвенициите

Огледувачите на овци се незадоволни од намалувањето на субвенициите и обвинуваат дека државата ги оставила на цедило.

Одгледувачите на овци лути по објавата на владината програма со деталите за која земјоделска гранка колку пари за субвенции се предвидени за 2022 година. Откако увиделе дека парите за поддршка на сточарството се скратени побарале средба но таму ги примил Димковски кој веќе не е заменик министер за земјоделство. Бараат средба со надлежните и враќање на старите субвенции наместо скратени за да можат да опстанат во време кога се е поскапено. Тие лани добиваа по 1300 денари субвенција по грло, 1000 денари за задржано женско јагне и интервентна мерка од 400 денари додека годинава за грло субвенцијата е скратена на 1000 денари, скратени е и за задржано женско јагне на 700 денари а 400 те денари наместо интервентна сега е редовна мерка.

Дека државата ги остава на цедило сточарите вчера на прес конференција обвинија и од опозициската Вмро Дпмне од каде посочија и дека во ек на економска криза власта донела програма со која парите за земјдоелските субвенции се намалени за 40 милион евра.https://kanal5.com.mk/ogleduvachite-na-ovci-nezadvolni-od-namaluvanjeto-na-subveniciite/a516193

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close