fbpx
Вести

Индекси на цените во земјоделството, септември 2017 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во септември
2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 0.1%, а кај аутпутот се
бележи зголемување од 2.6%.

Во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно
потрошени средства во земјоделството) изнесува 100.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.0.

Во делот аутпут, во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, индексот на цените на
растителното производство изнесува 103.5, а индексот на цените на добиточното производство изнесува
100.8.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close