Најчесто поставуваното прашање во врска со електричната ограда е „кога да започнете со нејзино користење?“. Кога ја избирате оградата која ги задоволува потребите за Вашиот имот и Вашите потреби, колку повеќе знаете пред да започнете со нејзиното користење, толку поедноставно и поисплатливо ќе Ви биде нејзиното поставување.
Постојат два основни вида на електрична ограда: статична и подвижна, како и три начини за нејзино напојување со струја: класично, на батерии и на соларна енергија. Статичната ограда е економична и едноставна за поставување, додека подвижната електрична ограда е ефективен начин за привремена заштита на животните и при ротационо напасување. Доколку не сте се решиле за подвижната електрична ограда, статичната ограда е подобар избор.
Следуваат основните карактеристики на статичната и на подвижната електрична ограда.
Електричната ограда е заснована на едноставен принцип: акумулаторите имаат два терминала, маркираната „Ограда“ и „Земјата/Почвата“. Тенката изолирана жица се полни со струја од терминалот „Ограда“. Втората тенка жица е пикната во земја. Кој и да е, што и да е тоа што ќе ги допре жиците низ кои поминува струјата, ќе добие значаен, но безбеден електричен (високоволтажен) шок.
„Срцето“ на електричната ограда е акумулаторот. Повеќето модерни акумулатори генерираат околу 5.000 волти. При внимателното избирање на акумулаторот, треба да се земе предвид употребата на оградата (безбедност и организација на напасувањето) и видот на животни/растенија кои се оградуваат.
Што се однесува до оградите што моментно се користат, целосно изолирана жица (со 2,5 мм дијаметар) е најпрактична за привремена употреба (до шест месеци) или речиси редовна употреба (до две години).
Високонапонска челична жица (2,0 х 2,6 мм) е препорачлива за постојана употреба (од 2 до 10 години).
Целосно изработена најлонска жица, опколена со шест помали нерѓосувачки челични жици, се преопачува за подвижна ограда при напасување.
При поставувањето на конструкцијата на оградата, мора да се запазат одведени правила. Столбовите држачи на оградата секогаш треба да бидат паралелни со почвата и меѓусебно, а празнината помеѓу секој паралелен држач треба да биде доволна за животното да не може да се заглави, туку да се врати назад. Волтажата секогаш треба да биде поголема од 3.000 волти за овци, 2.000 волти за крупен добиток и 1.500 волти за свињи.
Како и да е, за добра контрола не е потребно да имате ограда повисока од 900 мм – 90 см над почвата. Проблеми што може да настанат од електричната ограда најчесто се поврзани со погрешната јачина на струјата, неправилна поврзаност со почвата или неисправен акумулатор, што може да се јави при појава на грмотевици или снемување на струја.
Електричната ограда е практична за користење и како додаток на веќе изработената ограда. Доколку е прописно поставена и одржувана, таа е многу поприлагодлива, задоволителна и исплатлива во споредба со сите останати огради што се нудат во денешно време.
Валентина Соколовска
за Зелена берза