fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Ограничена продажбата на масло за јадење

Министерството за економија ги ограничи количините масло за јадење, кои граѓаните можат да ги купат од маркетите.

Маркетите сами ќе одлучуваат по колку шишиња зејтин ќе може да купи еден купувач. Ова доаѓа по препорака на Владата.. министерот за економија им препорача на маркетите доколку одреден купец сака да купи огромна количина масло за јадење, да го пријави потрошувачот на пазарниот инспекторат.

Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека масло за јадење по маркетите нема. Дел од нив сметаат дека причината е токму тоа – одредени граѓани купуваат огромни количини и прават залихи.

На социјалните мрежи често се гледаат фотографии од маркети, каде на каса одредени граѓани купуваат и по 50 литри зејтин. Сомнежите на надлежните се дека се купува за препродажба по повисоки цени. Зголемена продажба има

Дел од фабриките кои производуваат масло за јадење тврдат дека зејтин има доволно, а зошто полиците во маркетите се празни според нив лежи во политиката на самите маркети кои не сакаат да набавуваат во кеш, туку да плаќаат на одложено.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close