вестиВино

Винарија Сковин со загуба од 70 милиони денари за првото полугодие

Во периодот од 01.01.2016 до 30.06.2016 година СКОВИН АД Скопје ги оствари следните резултати:

vinarija skovin so zaguba od 70 milioni denari za prvoto polugodie

 

 

Кај oперативните приходи во 2016 година во однос на 2015 година се забележува намалување. Во 2015 година приходите од продажба на домашен пазар се намалени за 16 индексни поени во однос на 2015 година, а приходите од продажба на странски пазари се намалени за 14 индексни поени.

Оперативните расходи во 2016 година изнесуваат  78.930 илјада денари, а  во 2015 година изнесувале 82.771 илјади денари  што значи намалување на оперативните расходи за 5 индексни поени. Во нив  намалени се трошоците за суровини и матерјали за 21 индексен поен во однос на минатата година, потоа трошоци за вработени кои се намалени за 18 индексни поени .

Оперативната загуба во 2016 година изнесува 66.089 илјади денари што е во споредба со 2015 година намалена, кога изнесувала 69.087 илјади денари, како резултат на намалување на трошоците  на работењето во 2016 година.

Нето  загубата во 2016 година изнесува  70.334 илјади денари и во однос на минатата година кога изнесувала 75.299 илјади  денари  бележи намалување.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close