fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Охриѓани плаќаат најскап кашкавал, Тетовчани најскапо гравче – ценовното цунами се уште не попушта

Најскап грав во земјава се купува во Тетово и тоа по цена од 196,85 денари, додека просекот на цената на овој производ во земјава изнесува 166 денари.

Ценовното „цунами“ кое според економистите треба од есенва да покажува знаци на постепено слабеење, значително го погоди животниот стандард на Македонците. Иако цените се зголемуваат насекаде, не само кај нас, сепак, земјава има меѓу највисоките стапки на раст на инфлацијата, но и меѓу најниските плати во регионот и пошироко што ги прави нашите граѓани уште поранливи на постојаното поскапување на продуктите во маркетиите.

Податоците на државното тело за статистика покажуваат дека иако сме мала земја, имаме невообичаено големи разлики во цените на исти производи во малопродажба од еден до друг град. Споредбите велат дека има разлики меѓу цените кај исти производи кои достигнуваат и по сто денари за килограм продукт. Од анализата исто така се заклучува дека Скопје иако е најнаселен град, не е најскап кога станува збор за прехранбените продукти.

Последните бројки за месец август 2022 година кои ги објави Државниот завод за статистика велат дека на пример компирите иако просечната цена им била малку под 40 денари, сепак, жителите на Струмица го плаќале компирот најскапо и тоа по цена од 44,14 денари.

Кај гравот исто така има значителни разлики, па најскап грав во земјава се купува во Тетово и тоа по цена од 196,85 денари, додека просекот на цената на овој производ во земјава изнесува 166 денари. Иако Тетово важи за регион каде порано се произведуваше еден од највкусните типови грав, денес тој важи за град каде цените на овој производ достигнуваат рекордно ниво.

Статистиката покажува дека бананите во месец август се продавале по просечна цена од 69,57 денари, притоа најскапи во земјава биле пак во Тетово со 74,95 денари. Но, мала прошетка низ продавниците вели дека деновиве овој производ достигнува цени околу 100 денари за килограм.

Млекото е уште еден производ чии цени се искачија до плафон и кои им задаваат „главоболки“ на граѓаните. 

За месец август статистика вели дека млекото просечно низ земјава чинело дури 68,66 денари, а притоа најскапо овој производ го купувале жителите на Битола, по цена од 71,48 денари. 

Кашкавалот станува луксуз за македонските граѓани, кои сега според просекот треба да издвојат најмалку 500-тини денари само за килограм кашкавал. ДЗС вели во август кашкавалот во земајва се продавал по цена од 514,49 денари, но притоа жителите на Охрид плаќале најмногу или дури 575,21 денар. 

До каде ќе продолжи поскапувањето на производите никој не сака да прогнозира. Економистите велат инфлацијата ќе се заузда, но без конкретизирање кога тоа ќе се случи, а поради неизвесноста која и понатаму е присутна на глобално ниво, притисокот врз цените продолжува. https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close