вести

Окрупнување на земјоделско земјиште

Пилот проектите за консолидацијата на земјоделското земјиште покажаа одредени тешкотии кои треба да се отстранат со подобрување на законот. Во практиката се појавија некои недостатоци во спроведување на постапката и недоволно прецизирани одредби во законот кои го кочат окрупнувањето на парцелите…

На почетокот на спроведувањето на законот, консолидацијата на земјоделското земјиште во двата пилот проекти, се соочи со одредени пречки кои ги онемозвожуваат активностите на терен.

Поточно, не постои дефинирање на субјектите кои би изготвувале стручна анализа кои парцели и од кои причини би требало да се окрупнуваат. Без ваквото прецизирање овие услуги би можеле да бидат вршени од нестручни лица и ресорното министерство не може да врши надзор на давателите на услуги.

И во постапката за проценката на вредноста на недвижностите, која не се поврзува со веќе воспоставените институции и механизми во законите како на пример, овластени проценители или комора на проценители не може да му се гарантира  на секој сопственик  кој излегува од консолидација дека ќе добие вредност еднаква со онаа која ја внел во процесот, намалена за прифатените трошоци.

Овие предлог- измени на законот се ставени во владина процедура и набргу се чека решение за продолжување на окрупнување на земјоделското земјиште во Македонија.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close