fbpx
ВестиМакедонија

Сончево со мала до умерена локална облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен

Времето  денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен, информираат од УХМР.

Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Според информациите од Управата за Хидрометеоролошки работи во наредните денови следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите, додека пак во вторник и среда ни претстојат локални слаби врнежи од дожд.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close