fbpx
Вести

Олеснето полагањето за ловечки испит

Електронското полагање на ловечките испити се укинува. Од сега за добивање ловна дозвола ќе се полага на многу поедноставен  и поефтин начин од порано. Освен во Скопје како што беше досега идните ловџии испитиот ќе може да го полагаат и во другите градови од државата. Овие новини ги соопшти министерот за земјоделие Љупчо Николовски кој беше на средба со претставници на ловните друштва од струмичко.

,,  Ги поедноставивме процедурите, но значи и повеќе пари и за ловечките друштва, нови членови, но и наш целосен фокус на овој сектор, со измените на законот за ловство кои што ги направивме , со укинувањето на електонското полагање кое што беше само во Скопје.,, рече ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ – МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ

Претставниците на ловните друштва задоволни од новините.

,, Замислете, се полагаше пратктично, а е  електронски. Тоа незнам каде го има во која држава.,, рече МАРЈАН ДАСКАЛОВСКИ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛД БЕЛАСИЦА – СТРУМИЦА

Полагањето на испитите започнува  утре од Пехчево. Само овој месец  тоа ќе им биде овозможено  на околу 600 кандидати кои со години чекале да го полагаат ловечкчиот испит.  До крајот на летото оваа можност треба да ја искористат околу 2000 лица кои во изминатите две години аплицирале, но не им било овозможено да полагаат.


 

сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close