fbpx
ВестиМакедонија

За еден месец регистрирани нови над 900 невработени лица, во Агенцијата евидентирани 159.608

Бројот на невработени лица на крајот на февруари според евиденцијата на Агенцијата за вработување изнесува 159.608 лица што е за 927 лица повеќе во однос на јануари 2021 година.

Бројот на невработени лица на крајот на февруари според евиденцијата на Агенцијата за вработување изнесува 159.608 лица што е за 927 лица повеќе во однос на јануари 2021 година. Во овој месец се евидентирани нововработени 3.185 лица и 5.440 кои стекнале статус на невработено лице. Од почетокот на кризата без работа, според евиденцијата, останале 18.266 лица.

Меѓу невработените евидентирани лица најмногу 31.293 се од Скопје, 20.781 се во Тетово, 16.585 во Куманово, 11.765 Гостивар, 6.742 во Битола, 4.468 во Штип….

Најголем број од невработените се на возраст меѓу 55 и 59 години 21.360 лица, на возрат од 50 до 54 се евидентирани 17.890 и од 45 до 49 години 16.927. Голем број невработени има и меѓу лицата на возраст од 24 до 29 години – 17.764.

Најбројни меѓу невработените се оние без или со основно образование 85.525 лица, со непотполно средно образование се евидентирани 15.750, со средно 42.749, со вишо 1.407, со високо образование како невработени се евидентирани 13.174, магистри на наука се 974 и доктори на наука во евиденцијата на невработени се 29 лица.

Според националната припадност најбројни меѓу невработените се Македонци 77.124, Албанци се 53.169, 14.714 се Роми….

До крајот на оваа работна недела истекува рокот од 30 дена во кој невработените лица кои ги надмиле роковите за пријава во евиденција можат да ја регулираат својата обврска како активни или пасивни баратели.

Агенцијата даде рок од 30 дена почнувајќи од 19 февруари, заклучно со 19 март 2021 година.

Од Агенцијата во јавниот повик наведуваат дека согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност лицето кое е евидентирано како активен барател на работа е должно лично да се јавува во Агенцијата за вработување на секои 30 дена, а лицето евидентирано како друго лице кое бара работа или пасивен барател на работа на секои шест месеци.

Невработените лица кои нема да ги исполнат овие обврски во рок од 30 дена согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност  се бришат од евиденцијата на невработени лица и можат повторно да се пријават по истекот на една година.https://nezavisen.mk/za-eden-mesec-registrirani-novi-nad-900-nevraboteni-lica-vo-agencijata-evidentirani-159-608/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close