fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Олеснување на трговијата со овошје и зеленчук во регионот на Западен Балкан

Шесте комори од Западен Балкан, во рамки на Коморскиот инвестициски форум ги повикуваат владите од регионот заеднички да изготват процедури и постапки што ќе го олеснат движењето на стоките во регионот на Западен Балкан. Извозот на овошје и зеленчук од Западен Балкан е за околу 20 пати помал отколку од земјите на ЕУ, што говори за големата потреба трговските бариери во регионот да продолжат да се елиминираат -додаде генералниот секретар на КИФ, Сафет Герџалиу.

На минатонеделниот состанок одржан во Тиват, Црна Гора, Мешовитиот комитет на ЦЕФТА донесе одлука за олеснување на трговијата со овошје и зеленчук во регионот на Западен Балкан, што дополнително ќе придонесе за раст и развој на економијата во овој дел од Европа.

Одлуката предвидува строги правила што се целосно усогласени со правилата на Европската унија, а истите се предвидливи за деловните субјекти и го олеснуваат протокот на стоки. Исто така, со овие правила ќе се создаде сигурност дека при увозот и извозот, квалитетот на овошјето и зеленчукот не е компромитиран на кој било начин. Со оваа одлука се обврзуваат агенциите во регионот кои се надлежни за движење на ваков вид на стоки.

– Шесте комори од Западен Балкан, во рамки на Коморскиот инвестициски форум ги повикуваат владите од регионот заеднички да изготват процедури и постапки што ќе го олеснат движењето на стоките во регионот на Западен Балкан. Извозот на овошје и зеленчук од Западен Балкан е за околу 20 пати помал отколку од земјите на ЕУ, што говори за големата потреба трговските бариери во регионот да продолжат да се елиминираат -додаде генералниот секретар на КИФ, Сафет Герџалиу.

Директорот на ЦЕФТА-Секретаријатот, Емир Џикиќ, очекува дека до взаемно признавање на сертификатите за трговија со овошје и зеленчук ќе дојде до почетокот на летото.Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.

Извор: Плусинфо

Слични написи

Back to top button
Close