вести

Зголемен европскиот буџет за промоција на земјоделството

zgolemen evropskiot budzet za promocija na zemjodelstvoto

За промовирање на европските земјоделски производи во Унијата и надвор од неа и за барање нови пазари, ЕУ на производителите за 2017 година им определи буџет во износ од 133 милиони евра. Ова го соопшти Европската комисија, која ја усвои стратегија за промовирање на агропродуктите за 2017 година што е за 22 милиони евра „потешка“ од 2016 година кога изнесуваше 111 милиони евра. Со овие средства ќе бидат кофинансирани неколку програми, од кои повеќето ќе бидат насочени кон земји и региони надвор од ЕУ како Кина, Блискиот Исток, Северна Америка, Југоисточна Азија и Јапонија.

„Зголемувањето на извозот со 1 милијарда евра води до отворање околу 14.000 работни места во ЕУ“, рече комесарот за земјоделство Фил Хоган, кој се врати од работната посета во Виетнам и Индонезија со цел зголемување на извозот на прехранбени производи.

Една од новите иницијативи е за промоција на производите од одржливо земјоделство, додаде тој. (Ек.Р.)

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close